Растежот на потрошувачката на енергија на светско ниво, од една страна, и дефицит на енергетски ресурси од друга страна, истовремено се загрижувачки лиматски промени, наметнуваат неминовна рестрикција на потрошувачката на енергија. Индустријата, транспортот и градежниот сектор е одговорен за околу 40% од емисијата на штетните гасови. Употребената енергија за греење и климатизација на воздухот изнесува околу 70% од ова количество.
Во вкупниот биланс на топлинските загуби низ градежните конструкции во некој објект, со оглед на големата процентуална застапеност во однос на другите гранични конструкции, доминантни се загубите низ надворешните фасадни ѕидови и застаклени фасадни отвори како составна компонента на надворешните ѕидови. И, додека со примена на современи топлинско-изолациони материјали и техники на изолирање, изолациската моќ на овие ѕодови може да биде многу висока ( Вредноста на коефициентот на пренесување на топлилна U да се намали до 0,10-0,15 W/(m2k) ) и покрај примената на најсовремени технологии, вредноста на прозорците е неколкупати помала од таа на ѕидните конструкции.
Заштедата на топлотна енергија освен во делот со прозорците треба добро да е изработена и во фасадниот дел. Во светот од поодамна, а кај нас во последниве неколку години почнуваат да се избегнуваат старите начини на градба и изолација, со ѕидови од дупла цигла, сендвич ѕидови и сл. и почнуваат да се користат системите за надворешна изолација на објектите..
Новиот надворешен стил на изолација на објектите не само што дава подобра изолација на објектот заради новите материјали кои се употребуваат туку и затоа што ги намалува топлинските мостови до најмала можна мерка. Описно кажано фасадата представува комплетна обвивка на објектот со изолирачки материјал. Самото тоа спречува и многу несакани појави кои се можни низ целиот објект, како мувлосување по ќошевите напукнување на малтерите и сл., причинети од различната температура на конструктивните делови на објектот.
Топлинските мостови претставуваат делови од обвивката на зградата кои не се соодветно изолирани. Влијанието на топлинските мостови во градежните конструкции може да биде значително, како поради зголемениот интензитет на топлински протоци низ нив, и како последица на зголемената потрошувачка на енергија за затоплување, така и заради можната појава на кондензација на влага на внатрешните површини, што од своја страна доведува до многу штетна појава и растеж на мувла.
Топлинските мостови настануваат како резултат на :
- Делумно или целосно навлегување на материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост на надворешната конструкција
- Различна дебелина на материјалот
- Разлика помеѓу внатрешниот и надворешниот простор, како што се местата на врските ѕид-под-таван.
Во согласност со наведената дефиниција, не постои објект без топлински мостови. Топлинските мостови не можат да се избегнат, но можат нивните негативни влијанија да се доведат до толерантни граници.
Корекција на топлински мостови
Со цел да се избегнат губитоците на топлина низ топлотните мостови, а со тоа и елиминирањето на ризикот од појава на внатрешна површинска кондензација, се врши корекција на топлински мостови. Анализата треба да се започне уште во фазата на идејниот проект при дефинирање на градежните конструкции, изборот на материјал и дефинирањето на градежните детали.
Пасивните објекти во основа представуваат објекти кои не оставаат траги со својата експлоатација врз околината.Тоа се објекти за кои се искористени еко-материјали во изградбата односно производите се созадени со минимално оштетување на природниот еко-систем.
Со внимателно проектирање и квалитетна изградба на објектот,системот за ладење, греење и вентилација во објектот користи природни и обновливи извори за снабдување или доснабдување со енергија подпомоганти од самите закони на физиката, а квалитетната изградба со добра изолација и добро запечатени споеви (помеѓу прозорец и ѕид) не дозволува таканаречено истекување на енергијата односно на веќе климатизираниот воздух. Осветлувањето се решава со максимално искористување на природната светлина и со минимум вештачки извори. Во принцип целиот објект треба што е можно повеќе да се вклопи во еко-системот околу него и да ги искористува обновливите извори на енергија (ветерот, сонцето) а да користи конвенционални извори на енергија само како алтернатива.