Заштита


Безбедност и сигурност

За несреќа нападите од провалници и крадци станаа наше секојдневие. Прозорите и балконските врати се едни од критичните точки кои се на удар. Раководејки се според "прирачникот" за заштита од провали можеме да заклучиме дека вратата или прозорецот можат да се сметаат за безбедни доколку издржуваат напад подолг од 2-3 минути, бидејки во најголем број случаи провалниците се откажуваат доколку не можат да влезат после првите неколку минути.


Затоа Саламандер профилите нудат јака пасивна заштита, што е предуслов за безбедна столарија. Модерната повеќе коморна технологија, големата конструктивна длабочина и големите зајакнувања со челик, гарантираат безбедна и издржлива работа во неограничен период. Внимателно издимензионираниот канал, овозможува употреба на безбедносно стакло. Како додаток на основната сигурност, висока безбедност може да се постигне со надоградба на прозорецот со безбедносно стакло и рачки со клуч, како и оков за таква намена- а се во согласност од разните потреби на крајниот корисник.


Саламандер системите се инзвонредно стабилни и мижат да издржат големи сили. Со специјални додатоци, застаклуваање и рачки, можат да постигнат високо ниво на безбедност, влегувајки во класата за Отпорност од провалници WK2.


Употребата на безбедносни додатоци ефективно ги заштитува прозорците од насилно отварање.


Заклучувањето на прозорците во 5 точки гарантира оптимална безбедност а специјалните цилиндери на бравите овозможуваат сигурносната опрема да биде адаптирана на индивидуалните барања за сигурност.


За дополнителна заштита се користат сигурносни ламинирани стакла, кои скоро и да не дозволуваат влегување со пробивање на стаклената бариера.


Стаклата за заштита се соствени од два или повеќе слоја на стакло разделени со меѓуслоеви направени од PVB (polyvinyl butyral) или EVA (ethyl vinyl acetate). Тоа не само што му дава инзвонредна цврстина, туку и веќе скршеното стакло останува компактно и на своето место продолжувајки да пружа отпор.


Вака искомплетираното стакло ги задоволува Европските сигурносни стандарди. Бројот на стаклата и меѓуслоевите го одредуваат нивото на личната и заштитата на имотот.


Заштита од несреќа (Stratobel Accident- EN 12600)

Отпорност на кршење (Stratobel Break-in EN 356)

Отпорност од огнено оружје (Stratobel Bullets – EN 1063)

Отпорност на експлозија ( Stratobel Explosion EN 13541)


Секогаш постојат опции за Kомбинација на меѓуслоеви и стакла доколку има потреба од некој посебна заштита. PVB слоевите даваат и заштита од ултравиолетова светлина.


Огноотпорност


Постојат два основни критериуми кои ги одруваат нивоата на отпорност:


Отпорност на пламен, и

Отпоност на оган,

и неколку начини на изработка на стаклата, Pyrobel-Pyrobellite стакла кои се шират на изложеност на оган , калено огнеотпорно и жичано стакло.


Отпорност на експлозија


Ламинираното стакло отпорно на експлозија е дизајнирано така што би издржало ударен бран создаден од надворешна експлозија. Овие стакла се идеални за банки , полициски станици , златари , објекти од областа на нафтената индустрија и слично.


Заштитното ламинирано стакло може да одигра голема улога и во заштита на лица од повреди, незгоди,паѓање преку стаклото (дури и кога тоа е скршено).


Ваквата функција посебно се препорачува за стакла кои се вградуваат во прозори, кровови, подови, заштитни огради на балкони и скали и слично.


Безбедноста е запазена и кај Алуминиумските прозори, така, со новата програма на АЛУМИЛ за заштита од провала и балистичка заштита, се постигнуваат извонредни резултати.


М23000 ,security профилот е комбинација на дрви алуминиум појачани со специфични јаки алуминиумски профили се постигнyва WK 3 заштита од провала


S30700, S30600 и M50 е профилите се специјализирани за антибалистичка заштита. Се произведува во FB4 заштита што е еквивалентна на зрно од Магнум 0,357`` или Ремингтон 0,45``, и FB6 ниво на заштита каде профилот е појачан со челични профили и се спротивставува на зрно од Калашников 7,62мм како како и на НАТО 5,56 мм стандардот .