Енергетска Ефикасност


Топлински Мостови

Топлинските мостови претставуваат делови од обвивката на зградата кои не се соодветно изолирани. Влијанието на топлинските мостови во градежните конструкции може да биде значително, како поради зголемениот интензитет на топлински протоци низ нив, и како последица на зголемената потрошувачка на енергија за затоплување, така и заради можната појава на кондензација на влага на внатрешните површини, што од своја страна доведува до многу штетна појава и растеж на мувла.






Топлинските мостови настануваат како резултат на :

  • Делумно или целосно навлегување на материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост на надворешната конструкција

  • Различна дебелина на материјалот

  • Разлика помеѓу внатрешниот и надворешниот простор, како што се местата на врските ѕид-под-таван.


Во согласност со наведената дефиниција, не постои објект без топлински мостови. Топлинските мостови не можат да се избегнат, но можат нивните негативни влијанија да се доведат до толерантни граници.


Корекција на топлински мостови


Со цел да се избегнат губитоците на топлина низ топлотните мостови, а со тоа и елиминирањето на ризикот од појава на внатрешна површинска кондензација, се врши корекција на топлински мостови. Анализата треба да се започне уште во фазата на идејниот проект при дефинирање на градежните конструкции, изборот на материјал и дефинирањето на градежните детали.