Стакло
Топлинска Изолација

Бидејки 41% од вкупните топлински загуби се случуваат преку прозорските отвори, и земајки во го во предвид фактот дека 85% од прозорскиот отвор претставува стаклото, неговите топлотно изолациони способности се од огромноп значење за енергетската ефикасност на објектите


Првиот тип на топлотно изолационо стакло беше двојното застаклување кое се состои од две плочи стакло, одвоени со помош на дистанцер со цел да се овозможи простор исполнет со сув воздух. Бидејки воёдухот има понизок коефициент на топлинска пропустливост од 0,025 W/m2k, од стаклото 1 W/m2k, спојот на воздух ги зголемува изолационите карактеристики.


Следните чекори претставуваат замена на воздухот со благороден гас (Аргон,Криптон), вметнување на уште еден воздушен слој со трослојно застаклување, употреба на високоперформансни стакла со пиролитичен слој на метални оксиди...

Соларна Контрола

Постојат повеќе видови на стакла со низок соларен фактор кои овозможуваар заштита од прегревање на просториите преку големите застаклени површини изложени на сонце. Познати како селектовни стакла тие ја рефлектираат сончевата топлина истовремено максимално пропуштајки ја сончевата светлина.


Рефлектирачкиот ефект на сончевата топлина е постигнат на три начини:


-Преку обоени стакла

-Стакла со премази од пиролитички метални оксиди (Stopsol,Sunergy)

-Стакла со магнетни премази (Stopray)

Звучна Изолација

Секое стакло поставено во рамка овозможува одреден степен на звучна изолација. За повисока звучна изолација потребно е да се превземат следните чекори:


- Зголемување на дебелината на единечното стакло. (4мм = -30 d.b.), (10mm- 34d.b.)

- Употреба на асиметрични стакла во стаклопакетите.(4/16/4= 29 d.b.), (6/15/4= 34d.b.)

- Употреба на ламинирано стакло составено од две плочи стакло со акустична PVB фолија помеѓу нив. (Stratophone 35d.b.-51d.b.)

Безбедносни Стакла

Постојат повеќе видови на безбедносни стакла кои овозможуваат заштитиа од повеќе аспекти:


- Заштита на индивидуите при ризик од повреда од страна на остри и скршени парчиња стакло (употреба на ламинирано стакло со најмалку една PVB фолија)

- Заштита на индивидуите од паѓање преку скршеното стакло ( ламинирано стакло со најмалку две PVB фолии)

- Заштита на добра и безбедност при грабеж и вандализам на приватните домови, продавници и канцелариски простории (ламинирано стакло со 2-6 PVB фолии)

- Заштита од огнено оружје и заштита од експлозии (мултиламинирано стакло кое може да содржи и поликарбонат при специјални случаи)

Антибактериско Стакло

Во горните слоеви на антибактериското стакло се онволвирани дифузни сребрени јони, кои стапуваат во интеракција со бактерите, уништувајки ги по пат на онеспособување на нивниот метаболизам. Нивната примена е од особено значење за лабораториите, операционите сали и сл.

Декоративни Стакла

Декоративни стакла најчесто се користат во ентериери и мебел при покривање на згради, прегради за туш-кабини, врати, мебел, прегради на простории, огледала, подови, тавани,рамки...


Во зависност од апликацијата и актуелните стандарди декоративните стакла можат да бидат ламинирани, отпорни на оган и сл.


Во сите препредходни случаи стаклото може да биде транспарентно,транслуецентно и мат.