Ролетни  и Комарници
Ролетни

ПВЦ ролетните се најупотребувани во светот. Највеќе заради добриот сооднос на перформансите и цената. Овозможуваат добра заштита од надворешните влијанија. Спречуваат сончевите зраци да продираат во просторијата што е многу важно за заштитата на микроклимата во домот од надворешни непосакувани влијанија. Во истовреме го штитат прозорот од екстремни надворешни влијанија.

Ги изработуваме во две варијанти, со надворешна и со внатрешна кутија. Во внатрешната кутија се додаваат елементи од стиропор како би се спречил пренос на ладен воздух внатре во просторијата.

Користиме квалитетни составни делови, како би се осигурале дека нашите ПВЦ ролетни ќе бидат со долг век на траење и без проблеми во секојдневното користење

Алуминиумските ролетни се користат во поекстремни услови. Структурално се појаки, ребрата се исполнети со пур-пена која што не дозволува трансфер на топлината на внатрешниот дел и можат да се изведуваат на поголеми површини без да се предизвика замор на материјалот и негови деформации во текот на нивното користење.


Алуминиумските ролетни исто како и ПВЦ ролетните се изработуваат во две варијанти, со надворешна и внатрешна (надпрозорска) кутија. Внатрешната кутија има додатна заштита од стиропор, а како додатна варијанта на нив може да се вгради и електро-мотор за придвижување на ролетната. Тогаш затворањето и отварањето на ролетната се контролира со тастер или далечинско управување. Алуминиумските ролетни пружаат поголема анти-вандал заштита, како и добра заштита од опожарување на прозорците од надворешната страна.

Надворешен алу-венецијанер

Надворешниот венецијанер представува одличен избор кога станува збор за висококвалитетно засенчување и модерно изразување. Се карактеризираат со:


-Врвна контрола на влезната светлина

-Одлична звучна заштита

-Можност за управување со ел. мотор со тастер и далечинско управување

-Долг век на траење

Комарници

Комарниците претставуваат додаток кој што стана неизбежен дел на надворешната столарија. Ги изработуваме во разни варијанти и тоа:


- Фиксни комарници

- Роло комарници

- Плисе комарници (хармоника)

- Шибер комарници

Внатрешен венецијанер

Венецијанерите се додаток кој се користи кога е потребно само засенчување на внатрешоста од објектите:


- Се изработуваат во разни бои, тесни и широки како и во нормална и перфорирана варијанта