Комплетно Реновирање

Дознајте како може да ви помогнеме да го обновите вашиот дом или деловен простор

Комплетното реновирање на објекти го воведовме како нужна потреба на модерното време. Се повеќе од клиентите бараат комплетна услуга бидејки немаат време да шетаат по градот и за секоја посебна стафка од реновирањето на домот да бараат посебен изведувач. Затоа решивме да ја прошириме нашата дејност и освен производство и инсталација на прозорци, во нашата програма внесовме многу други услуги. Како нужна потреба по инсталацијата на прозорците се јавува потребата од „крпење“ околу нив и за тоа оформивме тим на гипсари. Покрај нив имаме стручни лица за извршување најразлични занатски работи кои се јавуваат како потреба во текот на реновирањето на домот или деловните простории. Во комплетната понуда од нашата компанија нудиме:

- Демонтажа и монтажа на столарија

- Изведување на молерски работи

- Крпење и изведување на ѕидови од ГКП

- Изведба на водоводна и канализациона мрежа

- Електро инсталации од слаба и јака струја

- Изведба на изолациони фасади и сл