ПВЦ столарија
SALAMANDER

Salamander систем 3D (пет комори со три гуми), појачан со поцинкуван челик со дебелина 1,5мм конструктивна длабочина од 76мм, со коефициент на топлопроводливост на профилот Uf=1.3 W/м2к на крилото и штокот и 46 db звучна заштита. Дихтувањето помеѓу крилото и штокот е изведено со 3 гуми, што овозможува одлична заштита од продор на надворешните влијанија. На штокот е поставен специјален канал за дренажа кој не дозволува полнење на штокот со вода. Забележителен е по своите заоблени рабови а се изведува во бела боја со карактеристичниот сјај на Salamander профилите како и палета на дизајни во боја за подобро вклопување на столаријата со архитектонските решенија на објектот

Се препорачува на објекти кое се изложени да удар на ветар и бука и станови кои се на висина над 6 кат а има можност за изведба на сите видови прозорци, балконски врати и таканаречените VW шибери

Salamander систем Streamline (2DSL-пет комори со две гуми) бела боја RAL 9010 или во палета на бои и дизајни, појачан со поцинкуван челик со дебелина 1,5мм, со коефициент на топлопроводливост на профилот Uf=1.3 W/м2к на крилото и штокот и 46 db звучна заштита. Дихтувањето на овој систем е решено со 2 гуми. Дизајнот на овој профил се карактеризира со по оштри линии. Нуди оптимална термо и звучна изолација за објекти кои што не се изложени екстремни надворешни влијанија.


Конструктивно одговараат за сите типови прозорци, балконски врати, влезни врати и VW шибери

BluEvolution 92

Salamander системот BluEvolution (шест комори со три гуми) е појачан со поцинкуван челик со дебелина 1,5мм а се карактеризира со конструктивна длабочина од 92мм. Претставува еден од првите профил системи од новата генерација кои ги следат највисоките стандарди во топлотна и звучна изолација. Се постигнува Uw до 0.71 W/(m2K). Звучната изолација изнесува 47db. Застаклувањето може да биде до максимална дебелина од 60мм


Се изработува во:

-Сите прозорски варијанти и отворања

-Сите типови на балконски врати

-VW шибери

- Влезни врати

Brügmann bluEvolution:82

Системот на иднината, Brügmann bluEvolution:82 е со конструктивна длабочина 82мм (шест комори со 2 гуми) и Uw до 0,77Њ/(м2К) и звучна изолација 46db. Ги комбинира одличната заштеда на енергија и врвното дихтување, во систем кој претставува идеално решение за пасивни куќи. Потрошувачката на енергија е намалена благодарение на иновативниот дизајн на профилот и дихтунзите. Застаклувањето може да биде со дебелина од 52мм.

Се изработува во:


- Сите прозорски варијанти и отворања

- Сите типови балконски врати

- VW шибери

- Влезни врати

Brügmann bluEvolution: 73

Brügmann bluEvolution: 73 е со конструктивна длабочина 73мм (пет комори со 2 гуми) и Uw до 0,80 W/(m2К) a звучна изолација 46db. Потрошувачката на енергија е намалена благодарение на дизајнот на профилот и дихтунзите со што се избегнати топлинските мостови и постигната е одлична термо и звучна изолација. Застаклувањето може да биде со трослоен термопакет

Се изработува во:


- Сите прозорски варијанти и отворања

- Сите типови балконски врати

- VW шибери

- Влезни врати

JetLine и HST протали

HST или Lift and Slide шибер вратите ја даваат посакуваната пространост на просторот. Со само еден потег, се постигнува една целина на внатрешната просторија и надворешниот дел. На овој систем прагот не излегува над подот со што се избегнува визуелната бариера и можноста за сопнување при комуникација помеѓу надворешниот и внатрешниот дел.

Конструктивната длабочина на профилот изнесува 172мм на рамката и 76мм на крилото, застаклувањето може да биде со дебелина до 48мм а термална изолација Ud до 0,77 W/(m2K)

JetLine шиберите се веќе афирмирани на пазарот, претсавуваат класични шибер врати но со подобрена заштита од продор на надворешните влијанија. Конструктивна длабочина на рамката изнесува 132мм а на крилото 60мм. Застаклувањето може да биде со дебелина do 32mm и се постигнува термоизолација Ud до 1,3 W/(m2K).


БОИ И ДЕКОРИ