Фасади


Заштеда на енергија преку фасади

Заштедата на топлотна енергија освен во делот со прозорците треба добро да е изработена и во фасадниот дел. Во светот од поодамна, а кај нас во последниве неколку години почнуваат да се избегнуваат старите начини на градба и изолација, со ѕидови од дупла цигла, сендвич ѕидови и сл. и почнуваат да се користат системите за надворешна изолација на објектите. Новиот надворешен стил на изолација на објектите не само што дава подобра изолација на објектот заради новите материјали кои се употребуваат туку и затоа што ги намалува топлинските мостови до најмала можна мерка. Самото тоа спречува многу несакани појави кои се појавуваат низ целиот објект, како мувлосување по ќошевите напукнување на малтерите и сл.