Фасадна столарија
Профили и дихтунзи
- Гумените дихтунзи, практично, нема потреба да се одржуваат
- За чистење на профилите треба да се користат само благи сретсва за чистење од домаќинството коишто не содржат киселини и други агресивни состојки
Напомена: Никогаш да не се користат средства на нитро база или прашоци за чистење
Окови
- Прозорите се опремени со висококвалитетнни окови кои се многу лесни за употреба
- Треба да се проверат сите подвижни делови на оковот најмалку еднаш годишно, и да се подмачкаат сите делови кои се подложни на триење како и шарките, ќошевите од оковите и бравите
- Се употребуваат комерцијални средства за подмачкување (WD 40, машинско уље за подмачкување и сл.)
Правилна вентилација
- Доколку се појават форми на кондензација на новите прозорци, тоа значи дека прозорците правилно дихтуваат
- Правилниот начин за да се справите со непосакуваната влага е правилно вентилирање на просториите. Тоа значи дека треба ширум да се отворат сите прозорци минимум три пати во денот на неколку минути, и целосно да се исклучат грејните тела
- Ова не само што помага за зачувување енергија туку предизвикува и по пријатна клима во домот
Кориснички информации
- Никогаш да не се ставаат никакви пречки помеѓу крилото и рамката на прозорецот
- Да се избегнуваат дополнителни стресови и оптоварувања на рамката
- Да не се притиска крилото кон рамката
- Постои можност за повреда доколку делови од телото бидат фатени и притиснати помеѓу рамката и крилото од прозорецот